ДРВОШАНОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВЕТУВА НОВА ИДНИНА ЗА СТРУМИЦА Поевтина вода и трајни решенија на отпадот (ВИДЕО)

За 100 дена од нашата работа Струмица ќе биде чиста, ветува кандидатот за градоначалник Жан Дрвошанов.

349

Нашата програма е направена   во  соработка  со  граѓаните  како решение  за конкретни проблеми. Нема да нудиме нереална програма со проекти кои никогаш нема да се остварат, изјави Жан Дрвошанов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струмица.

– Општина  Струмица  е   пример за такви програми.  Овде власта веќе 16 години ветува, нo реално не остварува. Наместо за огромни инвестиции  и  за грандиозни проекти, ние сите сме принудени како приоритети да ги бираме основните потреби на граѓаните, нешто незамисливо за 21 век. Проблемите се натрупуват врз грбот на граѓаните поради лажните ветувањoа. Откако ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата  ќе победи на локалните избори, приоритет ќе добијат проекти кои навистина ги измачуваат граѓаните – изјави тој.






Намалувањето на цената  на  вода за пиење е наша важна определба, Струмица е една од општините во кои граѓаните плаќаат многу скапа вода, а комуналните такси се високи, рече Дрвошанов и додаде:

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали цената на водата и  цената на комуналните такси.  Ресурсите ќе ги направиме  еднакво  достапни за сите. Струмица има сериозни проблеми  поради слабото чистење на ѓубрето додека јавното претпријатие има голем број на вработени. Затоа ние декларираме дека за 100 дена од нашата работа Струмица ќе биде чиста. Во програмата го предложивме проектот кого го нарековме  ,,отпадот има вредност”. Општина Струмица на неколку локации ќе постави вендинг машини  за рециклирање и конечно во консултација со граѓаните ќе ја разгледаме можноста за формирање на посебна депонија за рециклиран отпад со кој ќе управува посебно претпријатие кое ќе настане по преструктуирањето на ЈП Комуналец.

Поврзани содржини