ДРВО СТАРО 2.500 ГОДИНИ ПЕПЛОСАНО НА ЕВИЈА Маслинката спомената од филозофот Страбон
Фотографиите снимени по пожарот кој го пеплоса древниот насад со маслинки на северот на островот, покажуваат дека дрвото завршило како вдлабнат трупец, само со фрагменти од стеблото.
Историското маслиново дрво старо 2.500 години изгорело на грчкиот остров Евија во катастрофалните пожари кои принудија луѓето да ги напуштат своите домови, пренесува Њузвик.
Локалниот жител Апостолис Панагиоту објавил фотографија од дрвото на Твитер, покажувајќи како тоа изгледа пред и по пожарот. Дрвото кое било плодно и кое раѓало маслинки, било толку големо што 10 луѓе можеле да застанат долж пречникот на стеблото, пренесува Greek Reporter.
Древното дрво, кое се наоѓа во насадот со маслинки Ровиа, се наоѓа и во списите на познатиот грчки филозоф, географ и историчар Страбон, кој живеел пред 2.000 години.
Фотографиите снимени по пожарот кој го пеплоса древниот насад со маслинки на северот на островот, покажуваат дека дрвото завршило како вдлабнат трупец, само со фрагменти од стеблото. Катастрофалните шумски пожари продолжуваат да го уништуваат островот Евија, втор по големина во Грција.
Двата најголеми пожари изгореа илјадници хектари шума, а зафатиле и неколку села, пренесува Ројтерс.
ΡΟΒΙΕΣ Ευβοίας: Ελιά…2500 χρόνων‼️
Πριν και μετά την ΚΑΤΑΣΤΡΟΦΗ ‼️
Ελαιώνας ΠΑΠΑΔΟΠΟΥΛΟΥ‼️  pic.twitter.com/0wqeZ7hmUO— apostolis panagiotou (@appanagiotou) August 8, 2021