ДРВО ПИЈАН ПРЕСТИГНАЛ 7 ВОЗИЛА НА ЦРВЕНО Полицијата уапси кавадарчанец со 2,02 промили алкохол во крвта

Вчера во 15.30 часот на улица Илинденска во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода возачот П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци, соопшти полицијата.

526

Полицијата вчера уапси кавадарчанец, кој со со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал 7 возила што биле застанати на црвено светло, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

„Вчера во 15.30 часот на улица Илинденска во Кавадарци, полициски службеници од ОВР  Кавадарци го лишија од слобода П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци. При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки престигнал 7 возила што биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта“, соопшти велешката полиција.

Поврзани содржини