ДРВО ПАДНА ВРЗ ДЕЦА ВО ПАРК ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Пет деца се пренесени во болница

Полицијата во Есекс соопшти дека ќе остане на местото на настанот по сериозниот инцидент во паркот, а истрагата ќе ги утврди сите околности за несреќата.

182

Пет деца се пренесени во болница откако врз нив падна дрво во парк во Есекс, Велика Британија, објавија  британските медиуми.

Две тешко повредени деца прво биле префрлени во Универзитетската болница Саутенд, а 3 деца се здобија со полесни повреди по инцидентот во паркот Чоквел во Саутенд.






Полицијата во Есекс соопшти дека полицајците, како и противпожарната и медицинските служби, реагирале на „сериозниот инцидент“.

Локалната здравствена служба објави дека на местото на настанот се испратени шест амбулантни возила и медицински хеликоптер.

Полицијата во Есекс соопшти дека ќе остане на местото на настанот по сериозниот инцидент во паркот, а истрагата ќе ги утврди сите околности за несреќата.

 

Поврзани содржини