ДРУЖБА ПРОТЕЧЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ЗОШТО! Истекува од најголемиот нафтовод од Русија кон Европа

Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

1,116

Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа.

Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.






Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално, информира Перн.

Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби, нагласи компанијата.
Дружба е еден од најголемите цевководни системи во светот и служи како најголема рута за снабдување со нафта од Русија и Казахстан до точките во Украина, Белорусија, Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија и Германија.

Поврзани содржини