ДРУГОТО ЛИЦЕ НА „ЖЕЛЕЗНАТА ДАМА“ Меркел со сопругот често оди на пливање, тој ја чува како капка вода на дланката, а таа обожава пиво!

1,122

Германската канцеларка Ангела Меркел цели 16 години беше на таа функција, но и покрај тоа, својот приватен живот успеа да го сочува од очите на јавноста.

Меркел многумина ја нарекуваат „челична дама“. Не е ни чудо, имајќи предвид дека 67-годишната политичарка е една од највлијателните жени на денешницата и една од најголемите политичари воопшто.






По 16 години извршување на должноста како канцеларка, таа одлучи да се повлече и да се посвети на малку помирен живот.

Цели 23 години, Меркел е во брак со Јоаким Сауер, вториот сопруг со кој се омажи 15 години откако се разведе од својот прв сопруг, Улрих Меркел, исто така политичар.

Ангела го задржала и неговото презиме, но својот живот сепак одлучила да го продолжи без него. Среќата ја најде со Јоаким со кого го поминува секој слободен момент.

Иако Сауер и Ангела немаа деца, тој има две од нив од првиот брак. Двојката ужива во планинарење, пешачење, скијање и пливање, а во неколку наврати ги снимиле папараците.

Како што пишуваат светските медиуми, Јоаким е многу грижлив и добар кон неа.

 

 

Поврзани содржини