ПРЕМИЕРОТ ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ ГЛАВНИОТ КОМПЈУТЕРЏИЈА ОД ФЗОМ ЗА ДРЖАВНА НАГРАДА Другите земји се справувале со проблемот за 23 дена, а ние за 14

Во моментот кога се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо, вели премиерот Димитар Ковачевски.

965

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го предложи главниот ИТ експерт на Фондот за здравствено осигурување за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите, затоа што одлично се справил со нападот врз ФЗОМ.

На пратеничко прашање од Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали ќе има морална одговорност или оставки во ФЗОМ, премиерот одговори дека нема да има поради три причини:






– Прво, ги видов договорите со кој Фондот ги има реализирано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорските извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори – изјави Ковачевски, а потоа ја претстави втората причина:

– Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во моментот кога се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо – подвлекува премиерот и додава:

– Трето, кога е веќе јасно дека со конкретнава работа и навремено се спремале и соодветно одговориле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите – истакна Ковачевски.

Поврзани содржини