ДРУГИ МИСЛАТ ДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ГО УБИЈА ТРАЈКОВСКИ, НЕ ЈАС Колумнистот Атанасовски тврди дека користел метафори и „лирична хипербола“

Атанасовски во својот одговор вели дека е должен да даде објаснување за да се запази интегритетот и дигнитетот на медиумот каде е објавена неговата колумна, која како што вели, „одредени медиуми и личности погрешно ја протолкуваа и пренесоа“.

864

„Мојата колумна е напишана во метафорички и слободен стил, како одговор на политиките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во однос на кочењето на македонските евроинтеграции“ – пишува колумнистот и аналитичар Благојче Атанасовски, автор на контроверзната колумна „Руски рулет за Мицкоски“, како одговор на критиките дека во неа тој инсинуира дека САД се одговорни за смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Атанасовски во својот одговор вели дека е должен да даде објаснување за да се запази интегритетот и дигнитетот на медиумот каде е објавена неговата колумна, која како што вели, „одредени медиуми и личности погрешно ја протолкуваа и пренесоа“.






Во изминатите дваесет години, практично, од трагичната погибија на поранешниот претседател, Борис Трајковски, токму од вмровски центри на моќ, влијателни медиуми и новинари се изнаслушавме дека „Американците се тие што го убија нашиот претседател“, што секако е надвор од реалноста, непоткрепено со никакви релевантни докази

Понатаму, истите структури, блиски до оваа политичка партија, инсинуираат дека војната во 2001 година ја „наместија Американците со што ги вадеа потоа терористите на УЧК од Арачиново“, за на крајот, истите тие да инсинуираат дека шарената револуција е спонзорирана од Американците и дека поранешниот премиер Зоран Заев ги добил „бомбите“ токму од нив да го сруши Груевски.

Од тие причини, со тотално лирична хипербола, поставив хипотеза: ако толку се моќни Американците кај нас, согласно нивниот диоптер, зошто тие сметаат дека со нивната антиамериканска политика на високите интереси на САД кај нас, не би мислеле дека може да им се случи нешто такво „лошо“ – пишува Атанасовски.

Во својата несреќна колумна „Руски рулет за Мицксоки“, анализирајќи ги изјавите на амбасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер, авторот Атанасовски на едно место пишува:

„Најпросто објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“

Дали е тоа „метафорички и слободен стил“ и „тотално лирична хипербола“ или сериозен авторски дебакл им оставаме на читателите да проценат. 

МОЖНО ЛИ Е САД ДА СТОЈАТ ЗАД ПОГИБИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ КАЈ МОСТАР? Молк за чудните тези на колумнистот на Фронтлајн

Поврзани содржини