ДРУ БАРИМУР НЕМАЛА СЕКС ОД 2016 Откри зошто апстинира

2,857

Актерката Дру Баримор откри дека немала емотивен партнер откако се развела од сопругот Вил Копелман во 2016 година, со кој има две ќерки. Како што изјавила, и нејзиниот поглед кон интимните односи целосно се променил, па така воопшто не ѝ се потребни.

Актерката ја споделила својата лична приказна во својот најнов блог каде навела дека не мрази секс, туку на него и на љубовта гледа како на две различни нешта.

– На речиси 48-годишна возраст се чувствувам сосема поинаку во врска со интимноста отколку кога растев. Немав родители кои ми беа пример и од мала се дружев со луѓе на возрасен начин – открила актерката во својот нов блог за апстиненцијата на самохрана мајка.

Во минатото, рекла дека барала „возбуда, потврда и авантура“ преку сексуалните односи, но тоа сега целосно го искоренила.

– По две деца и разделба од нивниот татко, го сменив фокусот кога е во прашање љубовта кон самата себе и кон моите две ќерки – продолжила таа, додавајќи дека тоа не ги вклучува мажите, ниту ги вклучувало некогаш.

Потоа прокоментирала и како еден терапевт еднаш ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов, што многу ѝ помогнало.

– Цел живот барав такви зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на него, разбирам. Откако сум самохрана мајка, не можев да имам интимна врска. Не сум личност на која ѝ треба секс. Јас сум некој кој е длабоко посветен да го охрабри начинот на кој младите жени, моите ќерки и јас како жена, треба да функционираат на овој свет – признала и нагласила дека можеби наскоро ќе може да влезе во врска, но дека тоа во никој случај не и е приоритет.

Поврзани содржини