ДРОНОВИ НАПРАВИЈА ХАОС НА АЕРОДРОМИТЕ ВО КОПЕНХАГЕН И ВО ОСЛО Привремено е запрено полетувањето и слетувањето на авиони

Инцидентот доаѓа само неколку дена по кибернапад врз еден ИТ-сервис провајдер, кој го наруши работењето на неколку европски аеродроми, меѓу кои Берлин, Брисел, лондонски Хитроу и Даблин.

176

Авиосообраќајот на аеродромот во Копенхаген беше привремено прекинат откако беа забележани дронови во близина на пистата, соопшти синоќа полицијата во Копенхаген.

„Аеродромот во Копенхаген повторно е отворен откако беше затворен поради активност на дронови. Сепак, ќе има доцнења и некои откажани летови. Патниците се советуваат да се консултираат со својата авиокомпанија за повеќе информации“, соопшти Каструп аеродром рано утрово.






Во меѓувреме, аеродромот во главниот град на Норвешка, Осло, исто така беше затворен откако беа забележани дронови, пренесе утрово норвешкиот радиодифузер NRK. Според операторот Авинор, и аеродромот и воздушниот простор над Осло биле затворени. Летовите кон аеродромот биле пренасочувани, изјави портпаролка на аеродромот.

Аеродромот Каструп во Копенхаген е еден од најголемите во Скандинавија, заедно со Арланда во Стокхолм и Гардермоен во Осло.

Неколку летови што требало да полетаат или слетаат во Копенхаген беа или одложени, или откажани, или пренасочени кон други аеродроми, вклучувајќи го и Билунд, мал град западно од Копенхаген, и Гетеборг во Шведска.

Причината за активноста на дроновите останува непозната. Инцидентот доаѓа само неколку дена по кибернапад врз еден ИТ-сервис провајдер, кој го наруши работењето на неколку европски аеродроми, меѓу кои Берлин, Брисел, лондонски Хитроу и Даблин.

Поврзани содржини