ДРОНОВИ НАПАЃААТ ЦЕЛИ НА КРИМ Од домот на руската Црноморска флота се издига чад

„Над седиштето на Црноморската флота на Руската Федерација во Севастопол се издига чад“, објави утрово украинскиот јавен сервис Суспилна, цитирајќи локални медиуми. Објавена е и видео снимка од местото на настанот.

520

На Крим и другите окупирани делови на Украина се изведени неколку напади со беспилотни летала врз руски цели.

Една од областите каде што наводно биле нападнати руски цели е Севастопол, домот на руската Црноморска флота на Крим.






„Над седиштето на Црноморската флота на Руската Федерација во Севастопол се издига чад“, објави утрово украинскиот јавен сервис Суспилна, цитирајќи локални медиуми. Објавена е и видео снимка од местото на настанот.

Регионалниот началник Михал Развозаев не спомна никаква штета, но во Телеграм рече дека украинско беспилотно летало е соборено над седиштето на морнарицата и дека паднал покривот на зградата.

Поврзани содржини