ДРОНОВИ „MADE IN KOSOVO“ Курти најави дека ќе ја развива воената индустрија и ќе ја обнови фабриката за муниција

Техничкиот мандатар на Косово рече дека зајакнувањето на армијата ќе се реализира преку набавка на оружје, обука и едукација во земјата, како и во соработка со Албанија и во најпрестижните воени академии во партнерските земји.

622

Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС).

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“.






Тој рече и дека ќе се создаде заедничка воена единица со Оружените сили на Република Албанија.

– За нашата армија во четирите години од наредниот мандат ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме билатералната и мултилатералната меѓународна соработка со земјите-членки на НАТО. Ќе ја ставиме во функција Фабриката за муниција и ќе ја развиеме воената индустрија на Косово. Исто така, ќе развиеме беспилотни летала ‘Made in Kosovo’ – изјави Курти.

Тој дополни дека зајакнувањето на армијата ќе се реализира преку набавка на оружје, обука и едукација во земјата, како и во соработка со Албанија и во најпрестижните воени академии во партнерските земји.

– Ќе ја создадеме Заедничката воена единица со Оружените сили на Република Албанија. Регрутирањето на нови кадети ќе продолжи со зголемен интензитет. Целиме да имаме 1000 жени и девојки војници во новиот мандат. Програмата за сеопфатна одбрана ќе се спроведе низ целата земја. Во рамките на оваа програма, секој доброволен резервен војник ќе добие соодветна обука и оружје во случај на мобилизација – изјави Курти.

Поврзани содржини