ДРОНОТ КРУЖЕШЕ И…ПРАВО ВО РУСКАТА КУЛА Брјанск пак нападнат од другата страна на границата (ВИДЕО)
Користејќи самоубиствен дрон, разузнавачките сили на специјалната единица Кракен ја уништија автономната набљудувачка кула Гренадир во областа Брјанск, се вели во објавата на Телеграм.
Украинската специјална единица Кракен погоди руска извидувачка кула во областа Брјанск, која се наоѓа од руската страна на границата. Самоубиствен дрон успеал да ја погоди кулата од втор обид. Видеото се прошири по социјалните мрежи.
Брјанск неколку пати беше мета на напад со дронови, а изминатата недела двајца војници влегоа во две села, пукаа и зедоа цивили за заложници.
The intelligence forces of the special unit “KRAKEN” destroyed an observation tower in the Bryansk region with the help of a kamikaze drone. pic.twitter.com/4oKiJlCiKC
— NOËL 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 5, 2023
„Користејќи самоубиствен дрон, разузнавачките сили на специјалната единица Кракен ја уништија автономната набљудувачка кула Гренадир во областа Брјанск“, се вели во објавата на Телеграм.
Дилемата остана околу тоа дали војниците-диверзанти, или како што руската власт ги нарече, терористи, се украински војници, или пак се Руси кои се одметнале од војската. На Твитер се прошири и видео од 2 март, каде војниците тврдат дека се дел од рускиот доброволен корпус, а дека дошле „да ги ослободат луѓето од Путин“.
Додека украинските граничари велат дека ситуацијата на границата е под контрола и негираат дека се работи за „украинска диверзантско-извидувачка група“, Денис Никитин, командант на рускиот волонтерски корпус (РВЦ), рече дека украинските власти се запознаени со операцијата на РВЦ во областа Брјанск.
ДОЈДОВМЕ ДА ВЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД ПУТИН Терористите во Брјанск се руски војници?(ВИДЕО)