📽️ ДРОНОТ ЈА ПОГОДИЛ СПАЛНАТА НА НЕТАНЈАХУ? Хезболах презеде одговорност за нападот од саботата
На снимката може да се видат штетите од нападот врз вилата на израелскиот премиер.
Снимка од оштетеното дебело стакло од спалната соба на вилата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја се појави на социјалните мрежи. Откако во саботата два дрона беа пресретнати во градот, а еден од нив удрил во вилата, израелските медиуми наведуваат дека објектот претрпел штети и во ентериерот, но и во градината.
Israeli media has released footage showing damage to Prime Minister Benjamin Netanyahu’s house, following the drone attack by Hezbollah. The drone is said to have detonated at his bedroom window, causing significant damage to both the garden and the interior of the residence. pic.twitter.com/GWYdQCj8nS
— Ali Hashem علي هاشم (@alihashem_tv) October 22, 2024
Во вторникот милитантната група Хезболах презеде одговорност за нападот.
– Ја изјавуваме нашата целосна и единствена одговорност за операцијата во Цезареја насочена кон воениот злосторник Нетанјаху – рече на прес-конференција Мохамед Афиф, шеф за односи со медиумите на Хезболах, пренесе АФП.
Нетанјаху рече дека нападот не го одвраќа од остварување на неговите воени цели. За време на нападот, тој и неговата сопруга не биле во Цезареја.
Во нападот немаше повредени.
Иранската мисија во Обединетите Нации соопшти дека акцијата ја извршил Хезболах од Либан, а израелската армија навела дека биле употребени три беспилотни летала, од кои едниот погодил зграда во Цезареја.