📽 ДРОН СЕ УРНА ВО МОСКОВСКИОТ ЕКСПО ЦЕНТАР Зградата е на само 5 километри од дворецот Кремљ

Експо Центарот се наоѓа на помалку од 5 километри од дворецот Кремљ. Зградата содржи изложбени павилјони и повеќенаменски сали.

630

Украински дрон удри во зграда во комплексот „Експо Центар“ во самиот центар на Москва рано утринава. Леталото удри откако претходно беше соборено од руската противвоздушна одбрана го собори. Ова го потврдија руските власти. Сведок на Ројтерс кој бил во областа раскажал дека слушнал „силна експлозија“.

На сликите објавени од Ројтерс се гледаат работници за итни случаи како го проверуваат оштетениот покрив на деловната зграда во која удри дронот.

 






Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјавија дека нема жртви.

Експо Центарот се наоѓа на помалку од 5 километри од дворецот Кремљ. Зградата содржи изложбени павилјони и повеќенаменски сали.

Леталото го попречило сообраќајот на сите цивилни аеродроми.

„Околу 4 часот наутро по московско време, режимот во Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и во регионот на Москва“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авиосообраќајот беше накратко суспендиран на четирите главни аеродроми околу главниот град – Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски – иако подоцна тие беа повторно отворени.

Руската агенција за воздушен транспорт соопшти дека седум летови биле пренасочени на алтернативни аеродроми.

Воздушните напади со беспилотни летала длабоко во Русија се зголемени откако на почетокот на мај беше уништен дрон над Кремљ. Цивилните области на главниот град беа погодени подоцна во мај, а московскиот деловен кварт беше цел двапати во три дена претходно месецов.

Поврзани содржини