ДРОН ПОГОДИ РАФИНЕРИЈА НА БРЕГОТ НА ЦРВЕНОТО МОРЕ По Кувајт, на удар и енергетските капацитети на Саудиска Арабија

Иран се одмаздува поради вчерашниот израелски напад врз неговото гасно поле „Јужен Парс“ (South Pars) во Персискиот Залив, кое го дели со Катар, пренесе Тајмс оф Израел.

59

Саудиска Арабија соопшти дека дрон ја погодил државната рафинерија САМРЕФ (SAMREF) во пристанишниот град Јанбу на Црвеното Море.

Саудиското Министерство за одбрана наведе дека во тек е проценка на штетата, без да открие дополнителни детали.






Нападот доаѓа откако дронови погодија две нафтени рафинерии во Кувајт.

Во текот на ноќта, иранските напади ги погодија и капацитетите за природен гас во Катар и Обединетите Арапски Емирати, што предизвика нагол скок на глобалните цени.

Иран се одмаздува поради вчерашниот израелски напад врз неговото гасно поле „Јужен Парс“ (South Pars) во Персискиот Залив, кое го дели со Катар, пренесе Тајмс оф Израел.

 

🎥 ЕСКАЛАЦИЈА, ГОРИ НАЈГОЛЕМОТО ИРАНСКО ГАСНО ПОЛЕ И ГОЛЕМА РАФИНЕРИЈА Цените на нафтата и на гасот скокнаа по нападот

Поврзани содржини