ДРОН ПОГОДИ АМЕРИКАНСКА БАЗА ВО БЛИЗИНА НА БАГДАД Погодена и база на САД во курдскиот регион на Ирак

Набљудувачите стравуваат дека случувањата во Техеран би можеле да предизвикаат нови немири во Ирак.

167

Дрон погоди денеска американска воена база во близина на Багдад, објавија ирачките медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.

Не е пријавена штета во нападот, кој се случува во услови на регионална ескалација по нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.






Во меѓувреме, проиранска ирачка милиција денеска ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз американската база во Ербил во курдскиот регион и рече дека погодила и хотел во градот, каде што, како што рече, биле сместени американски војници.

Ирак дели граница од 1.500 километри со Иран, а Техеран има значително политичко, економско и воено влијание врз својот сосед.

Делови од шиитската заедница во Ирак стравуваат дека слабеењето на Иран би можело да го наруши и нивното политичко влијание, додека набљудувачите стравуваат дека случувањата во Техеран би можеле да предизвикаат нови немири во Ирак.

Поврзани содржини