ДРОН ПАДНА ВО ШУМА ВО ПОЛСКА Американците велат дека е нивен, Полјаците се на готовс
Полска е во состојба на готовност поради прекршување на нејзиниот воздушен простор додека беснее војна во соседна Украина по инцидентите во ноември и декември кога проектили паднаа на нејзина територија. Исто така земјата одлучи да прати војници на границата со Белорусија откако вчера се обзнани дека платениците на „Вагнер“ вежбаат со белорускаата војска на неколку километри од границата.
Воено разузнавачко беспилотно летало што се урна во југозападна Полска доцна во вторникот го користеле американски војници за тренинг лет, соопшти во петокот полското Министерство за одбрана.
Приватното радио РМФ претходно објави дека во шумата во близина на селото Трзебиен, јужна Полска, бил пронајден дрон, откако случаен минувач повикал итна помош за да каже дека видел објект како се урива во областа, пренесува Ројтерс.
„Добиените информации покажуваат дека за време на тренинг лет на американски војници, контактот со дронот бил изгубен и потоа паднал во шумска област“, напиша Министерството за одбрана во е-пошта одговор на прашањата на Ројтерс.
„Никој не е повреден, а нема штета како резултат на инцидентот… Дронот го презеде американската страна, која го поседува дронот“.
Полска е во состојба на готовност поради прекршување на нејзиниот воздушен простор додека беснее војна во соседна Украина по инцидентите во ноември и декември кога проектили паднаа на нејзина територија.
Земјата одлучи да испрати војници на границата со Белорусија поради вчершната објавата на белоруското Министерство за одбрана дека платениците на „Вагнер“ почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон на само неколку километри од границата со Полска.