Актерката Бјанка Алејн се придружи на обвинувањата против музичарот Мерилин Менсон за злоставување.
Таа тврди дека Менсон ја бакнал спротивно на нејзината волја во 1995 година, кога имала само 16 години. Три години подоцна, тие почнале поинтензивно да се дружат на неговата турнеја и за тоа време, Менсон редовно ја понижувал.
Тие често консумирале алкохол и шмркале кокаин за време на нивната тримесечна врска, а тој постојано ги поместувал границите и ја омаловажувал сè повеќе, изјави Бјанка за „Сан“.
– Сега кога почувствував вистинска љубов во мојот живот, знам дека она што го имавме тој и јас не беше љубов. Бев млада и наивна – вели таа, додавајќи дека го запознала Менсон на неговиот концерт во Далас. Во тоа време таа сè уште беше невина и немаше искуство со момчиња, а Менсон насилно ја бакнал додека седела во неговиот скут. Кога таа се обила да се сврти, тој ја фатил за главата и повторно насилно ја бакна, тврди Бјанка.
Алејн тврди дека го видела Менсон и дека допира, бакнува и милува многу нејзини малолетни пријателkи.
– Им даваше алкохол и дрога, ги допираше – додава Бјанка. „Сите знаци беа тука. Тој човек е предатор и многу нарцисоиден.“
– Тој честопати го удираше својот асистент, го тепаше и му даваше по 100 долари. Речиси никогаш не бевме сами во неговиот автобус на турнејата, а неговиот фетиш беше да ме гледа како имам секс со други луѓе. Ми зборуваше дека тоа му треба, дека тоа мора да го види. Тогаш ќе мастурбираше, а кога не доаѓаше до кулминацијата сакаше да има секс со мене. Силно ме гризеше – рекла во солзи Бјанка, додавајќи дека се чувствува експлоатирана. „Тој не се грижеше за мене. Тој сакаше да ме понижи и да види до каде може да отиде во тоа. Тој е садист”.
За потсетување, пред Бјанка Aлејн, многу жени минатата недела ги изнесоа своите обвинувања и непријатни искуства со Мерилин Менсон, вклучувајќи ја и неговата поранешна свршеница Еван Рејчел Вуд, а неговата издавачка куќа веќе го раскина договорот врз основа на тие изјави.