ДРОГА ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА Полицијата пронајде марихуана и вага во службен ходник

Марихуана, прашкаста материја и дигитална вага откриени во ходник на затворските простории.

118

Во ходник од службените простории на Казнено-поправната установа Затвор Битола биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, прашкаста материја и дигитална вага, потврдуваат од полицијата.

Случајот бил откриен на 26 јануари, кога полициски службеници од СВР Битола, при контрола во објектот, наишле на сомнителните предмети, оставени во дел од затворските простории до кои има пристап службен персонал.






Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на потеклото на дрогата, како и на лицата кои се поврзуваат со случајот.

Засега не се соопштува дали има приведени лица, а истрагата е во тек.

Поврзани содржини