ДРОГА ВО ПАКЕТ ЗА ИДРИЗОВО Приведена 25-годишна жена пред затворот
При контрола на пакет наменет за осудено лице во затворот Идризово, полицијата пронашла марихуана и бела прашкаста материја.
Дваесет и петгодишна жена од скопско е приведена пред затворот во Идризово откако полицијата пронашла дрога во пакет што го носела за осудено лице.
Инцидентот се случил вчера попладне, околу 15:30 часот, пред Казнено-поправната установа Идризово.
Според информациите од полицијата, при преглед на пакетот што го донела В.А. (25), биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.
Дрогата веднаш била одземена, а жената приведена во полициска станица.
По целосното расчистување на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава.