ДРОГА, РАЗБОЈНИШТВА, НАСИЛСТВА, ПА И УБИСТВО! Во затвор почина синот на Синан Сакиќ, кој имаше големо криминално досие
Рашид Сакиќ во своето долго досие има кривични дела поседување и продавање дрога, разбојништво, насилничко однесување, но и убиство на Драгољуб Деспотовиќ Драјина, во Лозница во мај 2020 година.
Синот на починатиот српски пејач Синан Сакиќ, Рашид Сакиќ (45), попознат како Ќело, денеска ненадејно почина во затворот во Сремска Митровица, каде издржувал тригодишна затворска казна за разбојништво.
Синот на славниот пејач бил проблематичен и често влегувал во невољи со полицијата, а исто така бил баран со потерница. Пред две години полицијата го фатила како дивее со својот автомобил и веднаш беше испратен на издржување на казната.
Инаку, тој е повеќекратен повратник во затвор, а последен пат беше уапсен во јануари 2019 година поради сомнение дека заедно со неговиот пријател Милан Ц.(36) го претепале и ограбиле кројачот В.М.(34) во центарот на Лозница. По апсењето му е одредена мерка притвор, кој му е заменет со домашен притвор, со задолжително носење електронска ножна алка. но тој побегнал. Оттогаш бил баран со потерница.
Рашид Сакиќ во своето долго досие има кривични дела поседување и продавање дрога, разбојништво, насилничко однесување, но и убиство на Драгољуб Деспотовиќ Драјина, во Лозница во мај 2020 година.
Неговиот татко Синан Сакиќ во текот на животот само еднаш си ја отвори душата и отворено зборуваше за својот син. Во интервју од 2017 година Синан признал дека само еднаш го посетил Рашид во затвор. Тој му рекол на синот дека ќе му испраќа сè што треба, но дека нема да му дојде повеќе во посета. И навистина, Синан Сакиќ повеќе не го виде својот син – почина во јуни следната, 2018 година.