ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО ЗАТВОРСКАТА АМБУЛАНТА Бела прашкаста материја запленета во Идризово

Сомнителна супстанца е пронајдена во амбулантното одделение во затворот Идризово, а институциите работат на утврдување на потеклото.

36

Четири пакувања со бела прашкаста материја се пронајдени во амбулантното одделение во затворот во Идризово, потврдуваат од полицијата.

Откритието било направено доцна вечерта, по што супстанцијата веднаш била одземена. Засега не е познато за каква материја станува збор, ниту како таа завршила во рамки на установата.






Надлежните служби веќе работат на расчистување на случајот, а се очекуваат дополнителни информации по завршување на анализите и истрагата.

Поврзани содржини