ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник на армијата

Марихуаната била откриена при контрола во касарната во Петровец.

0

Триесетгодишниот припадник на Армија од Прилеп, се соочува со кривична пријава откако кај него била откриена марихуана.

Од СВР Скопје информираат дека контролата била спроведена на 12 февруари во касарната во Петровец, кога бил проверен ранецот на војникот.






При претресот, полицијата пронашла и одзела марихуана, по што против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Случајот е предаден на понатамошна постапка.

Поврзани содржини