ДРОГА И ОРУЖЈЕ НАЈДЕНИ КАЈ МОМЧЕ ОД АЕРОДРОМ Ги чувал во таванска просторија во зграда

168

Јавен обвинител од жСкопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Полициски службеници вчера извршиле претрес на таванската просторија во зградата каде живее осомничениот во Аеродром и утврдиле дека таму без дозвола држел огнено оружје – пиштол со калибар 7,65 мм и пет куршуми. Исто така, била пронајдена и опојна дрога – 4,2 килограми марихуана и 5,98 грама кокаин.






„Во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат дека 21-годишниот осомничен би можел да се даде во бегство, дека ќе ги прикрива трагите на кривичното дело или ќе влијае врз сведоци, но и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информира Обвинителството.

Поврзани содржини