🎥 ДРИСЛА ЧАДИ Околните жители загрижени за здравјето

114

Густ црн чад излегува од депонијата Дрисла, граѓаните се загрижени дали е канцероген.

Сених Браховиќ од Батинци објави видео снимка на која се гледа чадењето и како чадот се движи кон Пинтија, Драчево, Лисиче и Аеродром. Тој ги повика надлежните да проверат дали овде се пали нешто што инспекцијата не треба да го види.






– Луѓето се исплашени. Ако продолжи да гори ќе го повикаме народот да замине кон Китка за да се спаси од овој канцероген чад – вели тој во видеото.

Жителите на Батинци пред десетина дена протестираа со барање депонијата Дрисла да се осовремени или затвори бидејќи, како што велат, отровна смрдеа доаѓа до нивните домови и животот им го прави неподнослив.

– Мал пожар избувнал утрово на скопската депонија Дрисла кој набргу бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје – информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

 

 

Поврзани содржини