„ДРИН АХМЕТИ НИЖЕШЕ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ“ Бектеши не му ја одзел концесијата и покрај тоа што не доставувал геодетски елаборати

Дрин Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши, продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери, изјави пратеникот Миле Лефков.

920

Дрин Ахмети добивал милионски тендери, иако го оштетил Буџетот и владата на СДСМ и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата, изјави пратеникот Миле Лефков.

– Дрин Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши, продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери. Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено, фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД ЕСМ во вкупен износ од 7.670.000 денари, со вклучен ДДВ и со договор за јавна набавка кај ЈКП Водовод и канализација – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ. Над 8,5 милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако владата на СДСM и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон – рече Лефков.






Тој тврди дека власта на СДСM и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидени во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа ѝ овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.

– Вака изгледа кога институциите не работат за граѓаните, туку за елитите на власт. Ова време заврши, затоа се сѐ погласни во лагите и во клеветите, и СДСМ и ДУИ. Но, колку и да лажат и клеветат, мора да знаат дека одговорноста за секоја нерегуларност која ја направиле доаѓа – изјави Лефков.

Поврзани содржини