Древни суштества и вируси во Тибет – бактерии стари 750.000 години, остатоци од волк, округли црви
Стар мов со векови наназад, успеа да оживее со топлина во лабораторија. Исто така, живот пронашле и кај минијатурни округли црви, кои се стари 42.000 години.
Тимот научници од Универзитетот во Охајо успеа да идентификува низа уникатни вируси стари 15.000 години, древни суштества и бактерии постари од 750.000 години, од ледената капа Галаја во Тибет.
Како почеток од хорор филм, древни суштества излегуваат од длабочините на стопениот мраз. Од неверојатно зачувана изумрена мегафауна, како што е волнениот носорог, до остатоци од огромен волк стари над 40.000 години и бактерии стари над 750.000 години.
Што е уште поневеројатно, не се сите мртви. Стар мов со векови наназад, успеа да оживее со топлина во лабораторија. Исто така, живот пронашле и кај минијатурни округли црви, кои се стари 42.000 години.
Оваа неверојатна можност да се дојде во контакт со организми од минатото на Земјата ни открива цела историја на древните екосистеми, вклучувајки и детали за околината во која тие некогаш живееле. Но, топењето на ледот предизвикува загриженост, бидејќи во него се наоѓаат и вируси кои можеби ќе се вратат повторно, пренесува ScienceAlert.
„Топењето на ледот нема да доведе само до ослободување на тие древни, архивирани микроби и вируси, туку во иднина ќе бидат пуштени и во нашето окружување“, пишува во новата студија која ја предводел микробиологот Џи Пинг Шонг од државниот Универзитет во Охајо.
Благодарение на новите метагеномски техники и новите методи за опкружување на стерилни примероци од ледени јадра, истражувачите се обидуваат подобро да разберат што точно се крие таму.
– Овие глечери настанале постепено, а заедно со прашина и гасови, многу, многу вируси се таложеле во тој лед – вели Шонг.
Овие микроби потенцијално ги претставуваат сите оние кои биле во атмосферата тоа време, наведуваат истражувачите во нивната работа. Претходните студии покажале дека овие микробиолошки заедници се во корелација со промените во концентрацијата на прашина и јони во атмосферата, а исто така може да укажуваат и климатски и еколошки услови од тоа време.
Како дел од овие замрзнати древни записи, на 6,7 километри надморска висина во Кина, истражувачите откриле дека 28 до 33 вируси што ги идентификувале, никогаш порано не биле видени.
– Ова се вируси кои ќе напредуваат во екстремни средини – вели микробиологот Метју Саливан.
Споредувајќи ги нивните генетски секвенци со базата на податоци за познати вируси, тимот открил дека најзастапени вируси кај двата примерока се бактериофаги кои може да се заразат со Метилобактериум – бактерии важни за метанскиот циклус во мразот.
Тие беа главно поврзани со вируси кои беа пронајдени во солите на Метилобактериум во растителните живеалишта и од почвата, според претходниот извештај дека главиот извор на прашина замрзнат во Галија, веројатно потекнува од почвата.
„Овие замрзнати вируси, најверојатно потекнуваат од почвата или растенијата и ја олеснуваат апсорпцијата на хранливите материи од нивните домаќини“, заклучи тимот.
Иако овој новооткриен древен спектар на вируси предизвикува непријатност сред ваква пандемија, најголемата опасност не лежи меѓу нив, туку во она што го ослободува топениот мраз, метан и јаглерод. Сепак, јасно е дека овој мраз ни дава увид за промените кои се случувале во минатото во животната средина, како и еволуцијата на вирусите.
– Знаеме многу малку за вирусите и за микробите во овие екстремни средини и што всушност има таму. Сè уште немаме одговор на многу важни прашања. Како реагираат бактериите и вирусите на климатските промени? Што се случува кога ќе преминеме од ледено доба до топло време како што е сега? – вели Лони Томпсон.
Заклучокот е дека треба уште многу да се истражува.