ДРЕСОТ СО КОСОВО НА СРПСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЈА НАЛУТИ ФИФА Отворена е истрага за натписот „Не се предаваме!“
Демек таквиот дрес бил политички транспарент, коментираат српските медиуми.
Светската управа на фудбалот (ФИФА) започна дисциплинска постапка против Србија, пренесува Ројтерс. Таа е иницирана поради знамето на кое е прикажана територијата на Косово со порака „Не се предаваме“, кое било пронајдено во соблекувалната на „орлите“ по мечот со Бразил.
„Демек тоа е политички транспарент“, коментираат српските медиуми.
И, то је све што треба да знате о овим момцима! pic.twitter.com/4Kag4iIQUS
— Aндреј Kнежевић (@dzindranv) November 24, 2022
Случајот е отворен врз основа на член 11 од прописите на ФИФА и член 4 од прописите на Светското првенство, кои се однесуваат на навредливи гестови, знаци и зборови, како и употреба на спортски настани за промовирање на неповрзани работи. Засега не се знае кога и каква ќе биде одлуката на раководното тело.
За тоа знаме претходно на прес-конференција се интересираше новинар на агенцијата Асошиејтед прес кога му постави прашање за тоа на фудбалерот Марко Грујиќ, а на кое Грујиќ не одговори.
Maичката ја коментираше и премиерот на Косово, Албин Курти, кој истакна дека е ксенофобично тоа што таа се нашла во соблекувалната на Србија.