ДРАСТИЧНО ПОСКАПЕ И НАЈЕВТИНОТО МАСЛО – ПАЛМИНОТО Луѓето порано јадеа телешки мускул, сега ориз и компири
Зоран Мајновски, готвач и сопственик на бутикот за готвена храна „Естел Фуд Гуру“ во Аеродром вели дека се драстично поскапени сите прехранбени производи, но најдрастично е поскапено и она што беше најевтино – палминото масло. Од ланската цена од 1050 денари за 20 литри, палминото масло сега чини 2.700 денари
Откако војната во Украина ги испразни рафтовите на маркетите, а прво го снема зејтинот, луѓето се свртеа кон другите варијанти меѓу кои се и оние поевтините – свинската маст и палминото масло.
Палминото масло е едно од растителните масла кое благодарение на својот состав и хранливост, најде широка примена во козметиката и кулинарството ширум светот, но од друга страна, поради сè поголемата комерцијална побарувачка, во Индонезија и Малезија секоја година се уништуваат сè поголеми површини на дождовни шуми па палмините плантажи и користењето на палмино масло наидува на остра критика од страна на еколозите.
Кај нас ова масло е во широка употреба во сендвичарите и во рестораните кои и досега го користеа, пред сè, заради неговите карактеристики кои се однесуваат на високата точка на согорување, која изнесува околу 430-455°C. Меѓутоа, велат дека со кризата во Украина и неговата цена е драстично зголемена.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.