Драстична разлика на белите дробови на заразени со корона кај вакцинирани и невакцинирани! (ФОТО)

Д-р Гасан Камел вели дека пациентите што ги гледа се помлади отколку што биле за време на зимскиот бран 2020-21 година и главно се невакцинирани.

1,697

Ако сте имале дилема дали треба да се вакцинирате против коронавирусот, веруваме дека овие примери ќе ви ја олеснат одлуката.

Имено, овие остри рендгенски снимки ја откриваат разликата што ја прават вакцините против ковид во однос на белите дробови без заштита кога се нападнати од вирусот.






Фото: Принтскрин/Снимка на белите дробови на невакцинирана ковид-позитивна личност

Овие снимки ги објави лекар, кој претходно лекувал луѓе заразени со ковид, едниот вакциниран, другиот не.

Рендгенските снимки на невакцинирано лице покажуваат речиси целосно бели органи, што значи дека се полни со вирусот. Тие исто така имаат интензивни лузни и се чини дека им недостасува воздух што влегува во белите дробови.

Фото: Принтскрин/Снимка на белите дробови на вакцинирана ковид-позитивна личност

Спротивно на тоа, во белите дробови на вакцинирано лице, тече воздух и тие изгледаат целосно исчистени од вирусот.

Д-р Гасан Камел, директор за медицинска интензивна нега во Универзитетската болница во Мисури, третира илјадници луѓе со вирусот од почетокот на пандемијата. Тој вели дека пациентите што ги гледа се помлади отколку што биле за време на зимскиот бран 2020-21 година и главно се невакцинирани.

Каква заштита дава вакцината?

Истражувањата покажаа дека по единечна доза, вакцината „Фајзер“ е 36 проценти ефикасна против делта сојот, а вакцината „АстраЗенека“ е околу 30 проценти ефикасна против овој вид на вирусот.

Сепак, две недели по втората доза, „Фајзер“ обезбедува 88 проценти заштита од инфекција со коронавирусот, а „АастраЗенека“ обезбедува 67 проценти.

Исто така, по две дози, вакцината „Фајзер“ е 96 проценти ефикасна против хоспитализација, а вакцината на „АстраЗенека“ го намалува ризикот за 92 проценти.

Лузни на белите дробови

Многу пациенти со ковид-19 развиваат форма на респираторна инсуфициенција наречена акутен респираторен дистрес синдром (ARDS), која бара од пациентите да примаат кислород преку респиратор.

Претходните студии покажаа дека „ARDS“ може значително да го намали квалитетот на животот на луѓето, дури и откако ќе закрепнат, бидејќи остава непоправливи лузни на белите дробови.

Лекарите велат дека пациентите со коронавирусот најверојатно имаат постојан недостаток на воздух, дури и откако ќе се опорават.

Тие велат дека повеќето од оние кои имале тежок акутен респираторен синдром (САРС) имале потешкотии да дишат еден месец по инфекцијата, а тоа веројатно ќе биде исто и за пациентите со ковид-19.

Сега е познато дека смртоносната болест може да влијае на долгорочното здравје на пациентот, предизвикувајќи трајно оштетување на целото тело. Смртоносната болест влијае не само на белите дробови, туку и на другите витални органи и системи на телото.

Поврзани содржини