ДРАСТИЧЕН ПАД НА ВРЕДНОСТА НА БИТКОИНОТ Еве колку вреди сега
Аналитичарите гледаат две причини за ваквиот пад на вредноста на криптовалутите – можноста пропадната берза на криптовалути да почне да ги враќа биткоините на доверителите и можноста Џо Бајден да биде заменет како демократски претседателски кандидат со некој помалку про-крипто.
Вредноста на Биткоин во последните 24 часа падна за 5,28% на 54.645 долари (50.411 евра), што е најголем пад на цената на криптовалутата од средината на март кога чинеше рекордни 73.803 долари. Конкурентот на Биткоинот и втора по големина криптовалута во светот Етерум падна на 2928 долари или пад од 7,7%.
Аналитичарите гледаат две причини за ваквиот пад на вредноста на криптовалутите – можноста пропадната берза на криптовалути да почне да ги враќа биткоините на доверителите и можноста Џо Бајден да биде заменет како демократски претседателски кандидат со некој помалку про-крипто.
-Продажниот притисок и понатаму е поврзан со очекуваните продажби на доверителите на пропаднатата берза. Сепак, забрзувањето на падот на вредноста покажува дека пазарот се обидува да ги апсорбира тековите на доверителите- рече пазарниот аналитичар Тони Сајкамор.
Стравувањата по врдноста на криптовалутите се зголемија особено по катастрофалниот настап на Бајден во минатонеделната дебата за Си-Ен-Ен.
-Она што е впечатливо за овој пад на биткоинот е тоа што доаѓа додека американските акции и глобалните берзански индекси се на или барем блиску до рекордно ниво. Корелацијата помеѓу биткоинот и главните акции е слаба – изјави Антони Тренчев, ко-основач на крипто платформата. НЕКСО.