ДРАМАТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВОТО НА ВОДАТА ВО РЕКАТА ТОБОЛ ВО РУСИЈА Евакуирани се над 100.000 луѓе
Зголеменото ниво на водата во Курган е закана за 62 населени места и 4.300 домови.
Врвот на поплава во руската област Курган, која се протега на реката Тобол, во близина на границата со Казахстан, се очекува денеска, по драматичното зголемување на нивото на водата.
Повеќе од 7.100 луѓе вчера беа евакуирани од неколку стотици станбени згради кои беа поплавени.
Агенцијата РИА , повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, објави дека зголеменото ниво на водата во Курган е закана за 62 населени места и 4.300 домови.
Во соседен Казахстан, каде што повеќе од 108.000 се евакуирани по поплавите што започнаа минатата недела, водата вчера потопи повеќе од 1.000 домови во градот Петропавловск, принудувајќи евакуација на повеќе од 4.500 луѓе.
Големите реки се излеаја од коритата поради стопениот снег. Реката Тобол порасна за 23 сантиметри за 4 часа, соопштија локалните власти на областа Курган во Федералниот округ Урал.