Драматично во Задар, голем пожар во опасност е целиот Полуостров ВИДЕО

Пожарот избил во еден стан, но зафатил уште неколку станови и деловни простории, како и поткровјето. Пожарникарите го спречиле ширењето на огнот на првиот и на вториот кат, но пламен сè уште има и се шири меѓу дрвената конструкција на зградата од 14 век, потврдил за Хина Жељко, Шоша, главниот на Јавната противпожарна служба на Задар.

778

Во повеќестолетна зграда во центарот на Задар колу 11.30 часот избил пожар во еден од становите. Пожарникарите го спречиле ширењето на огнот и ќе останат на терен цел ден и ноќ, а станарите се евакуирани, велат од Противпожарната бригада во Задар, јавува хрватски Индех.

Пожарот избил во еден стан, но зафатил уште неколку станови и деловни простории, како и поткровјето. Пожарникарите го спречиле ширењето на огнот на првиот и на вториот кат, но пламен сè уште има и се шири меѓу дрвената конструкција на зградата од 14 век, потврдил за Хина Жељко, Шоша, главниот на Јавната противпожарна служба на Задар.






На терен се 23 пожарникари со девет возила.

– Би требало да се исечат гредите, а ако ги исечеме ќе падне целата зграда бидејќи сè стои на тие греди – вели Шоша за Задарски. хр.

– Покривот на зградата каде изби пожарот се урна. Но за жал не можеме да ја наречеме зграда бидејќи станува збор за повеќе згради кои се споени, со околу 100 до 200 станови. Тешко е да го запреме пожарот бидејќи се стари градби, и се бориме пожарот да не се прошири на другите станови. Има гипсени плочи под гредите, ние сме внатре и практично ги сечеме гипсените плочи – изјавил Шоша.

Огнот го зафатил и ателјето на познатиот задарски фотограф Жељко Маричиќ. Тој изјавил дека сè е уништено.

Во случај на пожар на Полуостровот дежурните пожарникари веднаш излегуваат на терен и се обидуваат да го спречат натамошното ширење на огнот,

– Цел Полуостров практично е пожарна зона, мора да го локализираме огнот за да не ги зафати соседните покриви и да не се шири натаму. Сите станари се евакуирани.

Засега не е позната причината за пожарот.

Поврзани содржини