ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕ Татко носи дете кое не дише и моли полицаец за помош (ВИДЕО)

Без двоумење, наредникот веднаш презеде акција, ги ослободи дишните патишта, а неколку секунди подоцна детето дишеше – напишаа од одделението на Твитер заедно со снимката од инцидентот на 19 јануари.

864

Полицијата во Лос Анџелес објави драматично видео на кое еден од нивните полицајци спасува безживотно дете.

Полицаецот Думџин Ким бил на должност кога „ги видел родителите како врескаат за помош“ носејќи дете, кое престанало да дише.






– Без двоумење, наредникот веднаш презеде акција, ги ослободи дишните патишта, а неколку секунди подоцна детето дишеше – напишаа од одделението на Твитер заедно со снимката од инцидентот на 19 јануари.

На видеото се гледа како вознемирен татко трча кон полицаецот и му вели дека „не знае што се случува“ и го моли за помош.

Мажот го предал детето на полицаецот, кој потоа презел мерки за спасување. Полицијата соопшти дека детето имало околу три години.

На снимката се гледа како друго лице вреска, пренесува „Independent“.

На полицаецот Ким му било кажано дека родителите не знаат зошто детето престанало да дише.

Додека полицаецот го тапкал детето по грбот, се појавила жена која го прашала детето што има во устата и му рекла да ја отвори.

– Нешто излезе – се слуша како полицаецот разговара со жената, на која веднаш и олесна.

Детето е пренесено во блиската болница, каде е извршен преглед и тоа е во стабилна состојба.

Поврзани содржини