ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ Полицајци и минувачи кренаа автомобил, спасија 8-месечно бебе (ВИДЕО)

Мајката има скршеница на ногата, додека бебето има фрактура на черепот и изгореници на грбот и стапалото. Тие се пренесени во болница и лекарите предвидуваат дека ќе преживеат.

725

Двајца полицајци и минувачи спасиле осуммесечно бебе кое било заробено под автомобил откако во него и неговата мајка удрил автомобил.

Полицијата на градот Јонкерс во Њујорк соопшти дека возачот на автомобилот што удрил во мајката и детето свртел пребрзо, удрил во работ на тротоарот и паркираниот автомобил. Мајката (36), која била удрена од автомобил, во тој момент преминувала улица со бебето.






Потоа автомобилот влета во берберницата, заробувајќи го бебето под него, соопшти полицијата.

Двајца полицајци кои во тоа време биле во близина, за време на појадокот, притрчале на местото на несреќата и ја пронашле мајката во уништената берберница. Потоа полицајците со помош на минувачи го подигнале возилото за да го извлечат бебето и да му пружат медицинска помош.

Мајката има скршеница на ногата, додека бебето има фрактура на черепот и изгореници на грбот и стапалото. Тие се пренесени во болница и лекарите предвидуваат дека ќе преживеат.

Поднесено е обвинение против возачот кој ја предизвика несреќата, кој според очевидци тој бил пијан.

Поврзани содржини