Драматични снимки од Ада Бојана: Пожар проголта две куќи (ВИДЕО)
Шефот на службата за заштита и спасување, Саубих Мехмети рече дека пожарникарите со помош на комуналното претпријатие и граѓаните успеале да спречат пожарот да се прошири на третиот објект, од вкупно пет куќи, колку што имало по ред.
На Ада Бојана денеска избувна пожар, во кој изгореа две куќи. Според медиумите, пожарот се проширил на третата, но пожарникарите за среќа успеале да го спречат.
Снимките што се појавија на „Јутјуб“ покажуваат како огнот зафати една од куќите. Пламенот целосно проголта две куќи, пишуваат подгоричките медиуми.
Шефот на службата за заштита и спасување, Саубих Мехмети рече дека пожарникарите со помош на комуналното претпријатие и граѓаните успеале да спречат пожарот да се прошири на третиот објект, од вкупно пет куќи, колку што имало по ред.
– Не смееме да го заборавиме нашиот сограѓанин Рифат Суjовиќ, кој секогаш со својата цистерна секогаш ни доаѓа на помош. И утрово беше таму“, рече Мехмети, изјавувајќи дека куќите, иако поврзани, имале свои влезови и покриви.
Иако пристигнале на местото веднаш по пријавата, на пожарникарите им биле потребни скоро два часа да се справат со катастрофата поради неповолниот ветер, кој помогнал во ширењето на пожарот.
Мехмети рече дека среќа во несреќата е што пожарот се случил во време кога и двете смени на пожарникарите биле во станицата.
– Немаме доволно луѓе да одговорат на можните предизвици. Вклучувајќи ме и мене, во моментов сме 29 вработени, а според прописите и планот за систематизација, треба да сме 44 – рече Мехмети.
Сѐ уште не е познато што го предизвикало пожарот.