Поради здравствените компликации предизвикани од воспалението на синусите и увото како последица од операциите, принцезата Шарлин сѐ уште не може да се врати во Монако, каде што ја чекаат нејзините близнаци и принцот Алберт.
Затоа, принцезата Шарлин одлучила да го искористи својот престој во својата родна земја за најдобра цел.
„Најтажната принцеза на светот“, како што ја нарекуваат, одлучила останувањето во Јужна Африка, земјата во која е родена и израсната, да го искористи за лична борба. Имено, познато е дека носорогот е многу загрозено животно и дека му се заканува изумирање, што ниту најмалку не ги загрижува ловокрадците, но принцезата Шарлин одлучила да се позанимава токму со тоа.
На својот официјален профил на Инстаграм, таа одлучила да ја промовира и крене свеста за зачувување на носорозите, поради што објавила црно-бела фотографија на која позира, облечена во облека со обележјата какви што ги носат тамошните домородци и силно ги нагласила очите со црна боја, Шарлин го вперила прстот кон камерата и испратила силна порака:
„Рогот на носорогот не е кул! Ајде да ги здружиме силите во мојата иницијатива #ChasingZero и да ги запреме злосторствата коишто ги доведоа во опасност нашите драгоцени диви животни.“
View this post on Instagram
Принцезата Шарлин (43), исто така, објави видео во кое се гледа нејзиниот труд и работа во Јужна Африка, за да ги заштити невините животни.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм