ДРАМАТИЧНА АКЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ 500 МИГРАНТИ Грчките спасувачи се обидуваат да ги извлечат од претоварен брод

Спасувачката акција дополнително ја отежнува силниот ветер со јачина до седум бофори.

125

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит во тек е акција на грчката крајбрежна служба за спасување на голема група мигранти, кои преку бројот за итни повици 112 побарале помош и рекле дека се околу 500 лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации,мигрантите се пренесуваат со рибарски брод, а во нивна близина се два товарни брода, еден танкер и два италијански рибарски чамци, додека пак спасувачката акција дополнително ја отежнува силниот ветер со јачина до седум бофори.

Поврзани содржини