ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО За една година е намалено за 10,4%

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1,9%,  а опаѓање во „преработувачка индустрија“ за 7,6% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 38,6%.

765

Индустриското производство во март годинава во однос на март  лани е намалено за 10,4%, а за 3,1% споредено по квартали, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1,9%,  а опаѓање има во „преработувачка индустрија“ за 7,6% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 38,6%.






Намалување на производството има во 10 преработувачки гранки: прехранбената индустрија, тутунската, текстилната, во индустријата за производство на хартија и производи од хартија, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), потоа во индустријата за  хемикалии и хемиски производи, производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, металната индустрија и индустријата за производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај енергија за 34,9%, интермедијарни производи, освен енергија за 3,4%, капитални производи за 5% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,8%, додека пораст бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,5%.

Поврзани содржини