ДРАМАТИЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА КЛИМАТСКИTE ПРОМЕНИ Ова е климатски хаос, гориме и се топиме! ВИДЕО

Зошто најновата студија за климатските промени, на која работеа 234 научници од 66 земји, е толку значајна? Кои се клучните факти?

1,459

Извештајот на работната група на Меѓувладиниот панел за климатски промени (Ај-Пи-Си-Си), најсеопфатната студија за климатските промени до сега, означи црвен аларм за човештвото, оцени генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Зошто оваа студија, на која работеа 234 научници од 66 земји, е толку значајна? Би-Би-Си објави клучни факти од овој загрижувачи извештај.

 







Што се случи досега?

– Глобалната температура на површината на Земјата помеѓу 2011 и 2020 година е за 1,09 Целзиусови степени повисока отколку во децениите во периодот помеѓу 1850 и 1900 година.

– Изминатите 5 години беа најтоплите од 1850 година до денес.

– Неодамнешната стапка на пораст на нивото на морето е скоро тројно зголемена во споредба со периодот од 1901 до 1971 година.

– Влијанието на луѓето „многу веројатно“ (90%) е главниот двигател на глобалното повлекување на глечерите од 1990-тите и намалувањето на мразот на Арктикот.

– Речиси е сигурно дека топлотните бранови, вклучувајќи ја и топлината, станаа почести и поинтензивни од 1950-тите, додека студените настани станаа поретки и посилни.

Што ќе се случува допрва?

– До 2040 година, температурите ќе достигнат 1,5 Целзиусови степени над нивото забележано во периодот од 1850 до 1900 година.

– Арктикот најверојатно ќе биде практично без мраз во септември, барем еднаш пред 2050 година.

– Некои екстремни настани, без преседан во историските записи, ќе се случуваат почесто, дури и при зголемено загревање од 1,5 Целзиусови степени.

– Екстремните настани на нивото на морето што се случуваа еднаш во сто години во блиското минато, се предвидува до 2100 година да се случуваат најмалку еднаш годишно, на повеќе од половината локации на кои се мери нивото на плимата и на осеката.

– Веројатно ќе има пожари во многу региони.

 


(Извор: Индекс)

Поврзани содржини