ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ ВО РЕСЕН Еден полицаец повреден, двајца напаѓачи приведени
Две лица од Ресен се пријавени поради напад врз полицајци при службени дејствија, еден полицаец е повреден.
На 26 јули 2025 година во Ресен, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Б.Р. Тој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полицаец.
Подоцна, кога Б.Р. бил пронајден, тој заедно со 54-годишниот У.Р. физички нападнале полициски службеници и користеле тврди предмети за нападот.
Двајцата се кривично пријавени за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.