ДРАМАТА ОКОЛУ СИНЕР НЕ Е ЗАВРШЕНА Ќе докажува дека бил невин или ќе биде исфрлен од УС Опен

„Газета дело спорт“ пренесува информација од германските медиуми дека Светската антидопинг агенција ВАДА има право на жалба на одлуката за Синер и рокот за поднесување на истата е 6 септември.

1,038

Драмата околу наводното допингување на познатиот италијански тениски ас Јаник Синер продолжува. Иако АТП го ослободи тенисерот од обвиненијата со образложение дека неговиот тренер згрешил што му дал спреј со недозволена супстанца, овојпат интервернира Светската антидопинг агенција ВАДА.

„Газета дело спорт“ пренесува информација од германските медиуми дека ВАДА има право на жалба на одлуката за Синер и рокот за тоа е 6 септември, пишува српски Мондо.






– Како што правиме секогаш, внимателно ќе ги испитаме сите документи и го задржуваме правото на жалба на одлуката – изјави претставник на Светската антидопинг агенција, со што потврди дека случајот го следат и повисоките органи.

Пред неколку дена во јавноста излезе фотографија на која се гледа дека Синер имал повреден прст на раката, па образложението беше дека го искористил спрејот за таа намена. Сепак, официјална потврда немаше. Јавноста исто така беше збунета што АТП му опрости на Синер иако двапати беше позитивен на тестовите за допинг, нешто што обично води кон суспензија во други случаи.

📷 ФОТОГРАФИЈА ДОКАЖУВА ДЕКА СИНЕР БИЛ НЕВИН? Спрејот кој го користел тенисерот му ја направил бељата

 

 

 

 

Поврзани содржини