📽 ДРАМА ВО НОВИ САД Цела населба со бараки во оган, не се знае дали има повредени

Началникот на Управата за вонредни состојби изјавил дека пожарот е локализиран и дека се работи на негово гаснење, но проблемот е што зградите се поврзани, што го отежнува гаснењето.

531

Рано утрово голем пожар избувна во населбата Бангладеш кај Нови Сад. Пожарот почнал да гори утринава околу 4.30 часот и зафати речиси 1.500 квадратни метри бараки или половина од населбата.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 13 пожарникари – спасувачи со 7 противпожарни возила кои успеаја да го локализираат но се уште има чад.






Началникот на Управата за вонредни состојби изјавил дека пожарот е локализиран и дека се работи на негово гаснење, но проблемот е што зградите се поврзани, што го отежнува гаснењето.

За среќа, жителите на оваа населба навреме излегле од своите куќи и како што изјавуваат за медиумите можеле само да гледаат како пожарот ги уништува. Нема информации дека има повредени.

Не е познато што го предизвикало пожарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 193_ns (@193ns_rs)

.

Поврзани содржини