Драма во Холандија, попуштаат насипите, луѓе бегаат од куќите ВИДЕО

Во насипот има голема дупка. Веднаш напуштете ги своите домови и одете на безбедно, објавиле итните служби во Мерсена.

10,261

Илјадници луѓе побегнале од своите домови на југот на Холандија откако водата ги пробила насипите, јавува Ројтерс.

Премиерот Марк Руте прогласил национална катастрофа во јужната покраина Лимбург, која се наоѓа помеѓу поплавените подрачја во западна Германија и во Белгија. Се евакуира и градот Венола.






Околу 200 пациенти ќе бидат евакуирани од болницата во Венола.

Во насипот има голема дупка. Веднаш напуштете ги своите домови и одете на безбедно, објавиле итните служби во Мерсена. На семејствата им е кажано да ја исклучат струјата и гасот.

Голем дел од Холандија не наоѓа од нивото на морето, заштитен со сложени системи на стари насипи и модерни бетонски бариери.

-Застрашувачко е. Никогаш не сум видел водата да е толку високо – вели 69-годишен жител Тон Линсен за Ројтерс.

Водостојот на реките Мези и Рур веќе во четвртокот достигнале рекордно ниво, надминувајќи ги тие од 1993 и 1995 година кога имало големи поплави, соопштиле локалните власти.

Поврзани содржини