ДРАМА ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА Жена нападнала пациентка на Одделението за хирургија

Медицинската сестра пријавила дека околу 18.30 часот на Одделението за хирургија, ќерка на еден пациент го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друга пациентка.

271

Вчера, во гостиварската болница, ќерка на еден пациент нападнала друга пациентка на Одделението за хирургија.

Настанот вчера бил пријавен во 18.45 часот во ОВР Гостивар, од страна на А.С.(45) од гостиварско Трново, медицинска сестра во гостиварската болница „Ферид Мурад“.






Медицинската сестра пријавила дека околу 18.30 часот на Одделението за хирургија, ќерка на еден пациент го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друга пациентка.

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини