ДРАМА ВО ЦРНА ГОРА Автобус полн со деца се преврте кај Петњица

Несреќата се случила на патот Паљух – Гусаре, во околината на Петњица. Автобусот се превртел на покривот.

318

Снежната бура која го зафати северот на Црна Гора, предизвика потешкотии и во сообраќајот на територијата на Црна Гора, јавувaат медиумите во регионот.

Автобус кој превезувал ученици изгубил контрола над возилото и излетал од патот поради голомразица. Несреќата се случила на патот Паљух – Гусаре, во околината на Петњица. Автобусот се превртел на покривот.






Во инцидентот нема повредени. Штета е направена само врз возилото.

Во Црна Гора целата механизација беше распоредена на патиштата низ земјата за да се овозможи проток на сообраќајот, особено на патиштата од прв приоритет, главниот пат и автопатот кои екипите на терен успеаа да ги исчистат.

Најмногу снег падна во региони како Колашин и Жабљак, каде што нови снежни наноси достигнаа над половина метар.

Поврзани содржини