ДРАМА ВО БРИСЕЛ Убиен полицаец, постои сомневање дека е терористички напад

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека на мета на инцидентот биле двајца полицајци.

270

Полицаец е убиен вечерва во напад во близина на железничка станица во Брисел.

Како што јави Скај њуз, тамошните власти изјавиле дека се сомневаат дека станува збор за терористички напад.






Белгиското федерално обвинителство соопшти дека на мета на инцидентот биле двајца полицајци.

Напаѓачот е убиен, јавија локалните медиуми. Тој наводно бил застрелан во нозете и стомакот.

Некои од медиумите објавија дека напаѓачот наводно извикал „Алаху Акбар“, но овие наводи не се официјално потврдени.

 

Поврзани содржини