ДРАМА ВО БАТИНЦИ, СЕ ИЗЛЕА МАРКОВА РЕКА Градоначалникот смирува дека нема потреба од евакуација

Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу вели дека нема опасност од поплави.

725

Неизвесна и драматична е вечерва ситуацијата во селото Батинци, во општината Студеничани откако по обилниот дожд вечерва се преполни коритото на Марков Река и почна да се излева на улиците и да ги поплавува околните куќи.

На снимки се гледа дека водата го преплавува коритотото и на неколку места истекува по улиците. На критичните точки се прават насипи со механизација ангажирана од општина Студеничани. Информирани се ЦУК и ДЗС.






Проценките се прават од минута во минута, додека жителите се обидуваат да спасат што може да се спаси од своите подруми и дворови.

Локалните власти во изјава за Телма велат дека врнежите ќе продолжат во текот на ноќта и дека ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира.

Дополнителен проблем за надлежните е мостот пред влезот на Драчево кој не може да го собере целиот проток на вода, бидејќи шутот и граѓата го затвора протокот на вода под мостот.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.

– Во селото Батинци во Маркова Река има надојдено повеќе вода. На неколку места има излевање од речното корито. Ангажиравме две-три машини, малку да ја санираме состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, засега има прекин на врнење на дождот. Во околните куќи околу Маркова Река има влезено вода во дворовите. Мислам дека за населението не е многу ризично за евакуација, засега има материјални штети по дворовите на неколку домаќинства – рече тој.

Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу вели дека нема опасност од поплави и дека се во постојана координација со градоначалниците на Кисела Вода и на Студеничани.

– Нашите екипи се на лице место – вели тој.

 

Поврзани содржини