ДРАМА ПО РУСКИ РЕЦЕПТ СЕ СЛУЧИЛА ПРЕД ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДА СЛЕТА ВО ПЛОВДИВ? Сигналот мистериозно исчезнал, пилотите се снаоѓале со хартиени мапи

Постојат сериозни сомнежи дека сигналот бил попречен поради руско мешање, наведуваат неименувани претставници на Европската комисија.

1,160

ГПС-системите за навигација над целиот аеродром во Пловдив во Бугарија биле недостапни моменти пред слетувањето на авионот кој ја пренесувал претседателката на Европската комисија во неделата, јави Ројтерс, повикувајќи се на извештај на „Фајненшл тајмс“.

Според написот, авионот кружел околу авионот додека пилотите успале да слетаат снаоѓајќи се со помош на хартиени мапи. Информацијата ја пренесоа и Економик тајмс и Афтенпостен.






– Над целиот аеродром, ГПС-сигналот едноставно исчезнал – изјавил висок официјален извор запознаен со операцијата.

Постојат сериозни сомнежи дека сигналот бил попречен поради руско мешање, наведуваат неименувани претставници на Европската комисија.

 

Инцидентот се случил во неделата, 31 август, кога авионот што ја пренесувал претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од Варшава кон Пловдив.

„Имаме информации од бугарските власти дека се сомневаат дека ова отворено попречување на сигналот го предизвикала Русија“, соопштиле од Европската комисија за Си-Ен-Ен, додавајќи:

„Ова дополнително ќе го зајакне нашиот ангажман за безбедност и поддршка за Украина“.

Медиумот Ројтерс пишува дека не можел веднаш да ги потврди овие наводи.

По слетувањето со авион во Пловдив и средбата со бугарскиот премиер Росен Желјазков и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, Фон дер Лајен отпатува со хеликоптер до Сопот, град во централна Бугарија, каде што ја посети државната фабрика за оружје „ВМЗ“ во знак на поддршка за засилената воена индустриска соработка со Украина.

Во Сопот, активисти на националистичката партија „Преродба“ го заградија автомобилот за кој мислеа дека ја превезува Фон дер Лајен кон фабриката и со знамиња упаднаа кон предницата на возилото.

Снимка од инцидентот се појави на интернет.   

Поврзани содржини